Петар Печков
Објавено: понеделник, 14 февруари 2011
Со хуманитарна акција за денот на вљубените, учениците од одделенска настава, од прво до петто одделение, од ОУ Васил Главинов од Велес им помагаа на две нивни соученички. Со продажба на производи подготвени на училиште и дома а на тема Љубов, на штанд во дворот од училиштето се прибира средства, кои се наменски, за операција на двете девојчиња.
Сакаме и детството на овие две девојчиња да биде весело и безгрижно како и на останатите. Децата од училиште со воодушевување ја прифатија оваа акција и треба да ни бидат пример на повозрасните, како се помага кога е тешко. Нивните чисти детски души ја покажаа хуманоста, и нивната рака за дружење и помош е подадена во секој момент – вели Кети Стојкова одделенски наставник во ОУ Васил Главинов организатор на акцијата. Средствата се за едно девојче кое боледува до церебрална парализа и за девојче кое преживеа пад од кров на зграда, од 20 метри но остана без вид.
Tweet |