речник контакт

Детската градинка кај Градски пазар доби сензорна соба

Првата градинка во Македонија која располага со VoiceToys, оригинална и иновативна платформа за сензомоторичка стимулација и развој на гласот, говорот и слухот

Петар Печков

Клонот од Детската градинка „Објект 6“ кај Градскиот пазар доби сензорна соба за децата со попречености.  Таа  е опремена со разновидни сензорни, светлечки и тактилни реквизити и помагала. Новата сензорна соба е од особено значење за дефектолошка и логопедска пракса и специјални третмани за децата на кои им е потребна дополнителна поддршка. 

„Новата сензорна соба е надоградување и реновирање на претходната соба за сензорна интеграција. Всушност сега  претставува склоп од сензорна интеграција и снузелена соба и има терапевтска намена и смирувачки ефекти“ – кажа Ефтимија Карбева Лукарова дефектолог во градинката.  

Таа е опремена со воден ѕид, бесконечни огледала, алпинистички ѕид, светлечки сноп, тактилни патеки и дискови, тактилен ѕид, тешко ќебе, светлечка завеса, специјализирани лулашки, ротирачка светлечка топка, арома дифузер, мултисензорни пени, сензорна светлечка маса.

Средствата  за опремување се обезбедени од блок дотации на градинката во вредност од 650.413  денари

Дополнително, ОЈУДГ "Димче Мирчев" е првата градинка во Македонија која располага со VoiceToys, оригинална и иновативна платформа за сензомоторичка стимулација и развој на гласот, говорот и слухот.

„Посебно интересен е сетот Voice Toys кој претставува иновативен и современ уред во дефектолошкиот и логопедскиот третман. Се користи за сензомоторна стимулација и развој на  глас, говор, слух, внимание, концентрација и когнитивни способности“ – дополни Карбева Лукарова. 

Отворањето на сензорната соба е по повод патрониот празник на градинката 7 април. Ова е трет клон од градинките во Велес кој добива сензорна соба, во  2024  година во градинката „Детелинки 3“ донација од Амбасадата на Кина. И во 2016 централната опремена од Мировниот корпус на САД и Швајцарската амбасада. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »