речник контакт

Детски парк во школото во Долно Јаболчиште донација од амбасадата на Косово

Во училиштето учат околу 200 ученици од прво до петто одделение

Петар Печков

Во селото  Долно Јаболишта на Општина Чашка, во дворот на ОУ „Лирија“, беше отворено игралиштето „Парк на пријателите“. Тоа е  донација од Владата на Република Косово преку Амбасадата на Република Косово, за децата и жителите на ова село.

„Оваа донација, иако скромна по големина, носи посебна симболика и претставува посветеност на Косово да биде блиску до граѓаните од оваа област, како и за унапредување на одличните односи меѓу Република Косово и Република Северна Македонија. Донацијата е знак за органската поврзаност на Косово со населението во овие простори, како и одраз на благодарноста за каузата на државата Косово - кауза која е постигната благодарение на придонесот на Албанците надвор од територијата на Косово“ – кажа амбасадорот Флоријан Кехаја на отворањето на игралиштето.

ООУ „Лирија“ учат околу 200 ученици. Ова е инвестиција во рамки на јавната дипломатија на Министерството за надворешни работи и дијаспората на Република Косово.

Во чест на овој придонес градоначалникот на општина Чашка Суад Шаќиров додели благодарница за Амбасадата на Република Косово во Скопје, која  ја прими амбасадорот Кехаја.

фото Амбасада на република Косово

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »