речник контакт

Детските Рацинови средби по 44 пат

Името на Кочо Рацин уште еднаш ги обединува младите од целата држава во најмасовната и најстарата детска поетска манифестација - Детските Рацинови средби.

Петар Печков

Денес и утре  Велес по 44 пат е домаќин на најмладите поети од земјава на Детските Рацинови средби. Најстарата поетска манифестација за основците и средношколците  од Македонија, така го чествува  делото на Бесмртниот Рацин.

Активностите се распределени во два дена. Денес четврток, ќе се случуваат оддавањето почит пред спомениците на Рацин посета на неговата родна куќа, потоа трибина за врската на лектирите и современото дете, портрет на Васил Куновски и промоција на „Антологијата на македонската литература за деца“.    Свеченото отворање на средбите е вечерва  во 19 часот, а за отворени ќе ги прогласи Градоначалникот на Општина Велес, Горан Петров.

Детските Рацинови средби продолжуваат и утре петок, со традиционалниот поетски караван низ општинските основни и средни училишта, а ќе завршат со свеченото доделување на наградите од ликовната, грнчарската и литературната работилница, во салата „Бели Мугри“.На манифестацијата ќе учествуваат десет поети, од кој еден е од Црна Гора.

Се очекува годинава на Рациновите средби да присуствуваат околу 60 учесници од останатите градови и исто толку од Велес, бројка што ја прави оваа манифестација, најголема и најценета детска поетска манифестација во Македонија. Оваа година координатор на Детските Рацинови средби е Библиотеката „Гоце Делчев“ од Велес а организатор е општина Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »