речник контакт

Дефектот на предното десно тркало на комбето е поради удар во банкината, кажаа вештаците на судењето за сообраќајката кај Катланово

Сведочеше и обвинетиот Димитриевски кој кажа дека работел без налог за да управува комбе, бил на работна место бравар и работел по 10-12 часови на ден, на 30-40 метри височина

Петар Печков

Двајцата вештаци кои сведочеа во Основен суд Велес на судењето за сообраќајката во која починаа тројца работници а четворицата патници меѓу нив и обвиентиот Орце Димитриев беа тешко повредени, не ја прифатија тезата на одбраната, дека предното десно тркало од комбето  било оштетено пред тргнувањето и поради него се случила сообраќајката. Тие со аргументи ги објаснуваа констатираните  наоди во вештачњето.

„Оштетувањето на деловите од подвозјето на предно десно тркало, погонско полувратило, се резултат на удар во банкината, во оградата.  Ја исклучувам можноста тоа да се скршило пред да настане ударот. Неговото кршење  е резултат на голема аксијална сила, повторно како резултат на ударот, и моето мислење е дека кршењето е настанaто како резултат на ударот, не поради вртежниот момент кој го пренесува ова поливратило.  Ако кршењето на полувратникот би се случил во текот на возењето, како резултат на вртежен момент, тој нема да го има овој изглед“ – кажа сведокот Дејан Брковски, машински инжинер. 

„Bакво оштетување на предното десно тркало можело да настане до удар. Од тиe причини како можност е отфрлено тоа оштетување, кое за вас е спорно, да се случило пред ударите кое ги имало возилото. Во однос на патниците кои  не бил осигурани со сигурносен појас, тој не пружа максимална заштита во возила, а проектиран е да го намали ризикот.Но тоа не е пропуст поради кој може да се случи незгода, неносењето појас може да има влијание врз штетните последици“ – кажа  Душко Павловски, вештак сообраќаен инжинер.

Тој објасни и зошто возилото за кое во вештачењето пишувало дека со десен страничен дел  гребело по пат  и висело а потоа на друго фотографија било статично  на четири тркала.

„Возилото било свртено  кон коловозот на десната страна а потоа исправено на тркала, бидејќи присутните забележале дека имало патник кој лежел  под него. Тое беше третиот починат, па луѓето го исправиле комбето на тркала  за да стигнат до телото“ – дополни Павловски. 

За сообраќајката сведочеше и обвинетиот Орце Димитриевски. Тој кажа дека не само критичниот ден туку често работел на висина од 30-40 метри во период од најмалку 10 часа а со пат  до Скопје и назад и по 12. Во оваа фирма работел четири години, на работно место бравар.

„Не постоше распоред кој да го вози комбето. Немаше кој да ги вози колегите некое време,  па се менувавме со сега починатиот Ангел. Немавме обврска кого да информираме дека завршивме со работа и се враќаме дома, за Велес.  Критичниот ден идевме преку Јурумлери, се вклучив на автопат, веќе фаќаше мрак, крај на октомври беше. Никој од патниците не беше врзан со сигурносен појас во возилото. Во продолжение од возењето забележав нешто се случува со десниот дел од комбето. Ме влечеше кон провалијата. Инстиктивно, да не пропаднеме во провалијата сите, скршнав на лево  и толку се сеќавам. Се здобив со  тешка телесна повреда, десниот колк -коската ми беше излезена од лежиштето. Се случуваше возилото да го нема пред тргнување, да го возел некој друг, за некоја друга работа. Комбето претходно имаше дефекти, имаше сообраќајка, мене ми зариба пред Велес.Вратата ми има испаднато.Од фирмата не го носеа на соодтвен мајстор, туку го поправаа на примитивен начин. Многу пати барав друго возило, газдите одбиваа со образложение дека е соодветно за возење меѓу два града“ – кажа Димитриевски. 

Неговата изјава дека критичниот ден го возел комбето и на одење и враќање, предизвика гласни реакции кај присутните, блиски на починатие или од повредените како оштетени. Тие во нивното сведочење претхдно кажаа дека обвинетиот го скорнал од возачкото место Ангел , без некоја потреба и налог, за тој да седи и го управува возилото.

Обвинетиот кажа дека на неговото возење немало реакции од колегите, иако на претходните рочишта сведоците како оштетени и повредени сведочеа дека тие во повеќе наврати го имаат пријавувано обвиентиот кај газдите. 

Димитриев е обвинет за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 ст.2 в.в со  член 297 ст.1 од Кривичниот законик. Обвинителството смета дека делото го сторил со умисла.

Според обвинението, Димитриевски при управувањето со возилото не се придржувал на сообраќајните прописи и го загрозил јавниот сообраќај, при што направил пропусти, возел со брзина од околу 104 км/4ч иако определената  брзина била 70 км/ч. Исто така возилото го управувал под дејство на психотропни супстанци при што изгубил контрола на возилото.  Со анализа и крвта и урината е утврдено присуство на овие средства во организмот на обвинетиот. 

Сообраќајката се случи на 16 октомври 2024 година во 17,35ч., на автопатот  Скопје – Велес, кај тунелот кај Катланово, при што обвинетиот управувал возило „форд транзит“ со скопски регистарски таблички со кое ги превезувал работниците од работа, дома во Велес. 

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »