Петар Печков
Објавено: петок, 15 март 2013
Советот на општина Велес донесе одлука за определување на дефицитарни занимања и занаети во изумирање, кои за нивен опстанок ќе добиваат одредени економски погодности. Вршителите на овие занимања и занаети се ослободуваат од плаќање на комунална такса за фирма.
Со цел да се изврши определување на дефицитарните занимања и занаети во изумирање кои егзистираат на подрачјето на општината, се обративме до Регионалната занаетчиска комора. Побаравме мислење кои се занимања и занаети постојат во Велес и кои се во изумирање. Доставено е листа и мислење со определен број на занаети и занимања, кои се и предлог за определување на дефицитарни занимања и занаети во изумирање – изјавија од Општина Велес.
На листата од 18 занаети најбројни се столари 9, шивачи и чевлари по 4, а има и ковачи, лимари, саатчии, и по еден јажар, семкар, пекар, грнчар, оружар. На листата од изумрени во Велес има два занаети кој никој веќе не ги работи самарџија и колароковач. Давачката која треба да ја плаќаат, но повеќе не, за фирмарина и комунална такса е околу илјада денари годишно.
Tweet |