Петар Печков
Објавено: среда, 18 септември 2024
Состојбата со одржувањето со спортски игралишта е загрижувачка. Тие се оштетуваат иако во нив се вложени значајни народни пари. Градоначалникот Марко Колев со став дека овие простори се градат за дружење и средби на граѓаните, но дел од неодговорните родители иако се сведоци, дозволуваат децата да ги оштетуваат.
„Кошот на спортското игралиште кај Автобуската станица е скршен, тоа не еднаш, туку неколку пати. Ова не може да е од игра, уништена е и оградата и трибините. Дворови – не може секое дете да скока на трамболината, има упатство до која возраст и до колку килограми. На коњчето има возрасен човек а тоа е за деца до 15 кг. Клацкалката од една страна 4 деца од другат 4 и ќе се сркши а се знае колку деца може да ја користат. А дел од родителите седат пушат цигари, не реагираат, отпадоците и шишињата со вода ги оставаат до клупите. Корпите празни ама до секоја клупа има пикавци и празни шишиња а децата не пушат. Во месноста Дворови има соседи кои го бранат тоа што ги имаат, оти имале пред 10-15 години ама други го уништиле. Не се малку вложени средства, 15-17 милиони денари. Ме вознемируваат сликите како се уништуваат спортските игралишта кај Гимназија, во Тунелот Побарав полицијата да реагира, не да апси туку да укажува. Третиoт ден по поставувањето на подлогата на тартанот од теренот за кошарка, беше исечен со скалпел. Со коли почнаа да одат по игралишето. Излез гледам само со реакции од родителите, полицијата и поставување на камери, постапка која е во тек“ – рече Колев.
Но иако не беа споменати, сигурно дека и комуналните редари на Општина Велес треба да се вклучат во оваа акција за заштита на спортските и детски игралишта во градот.
Tweet |