Петар Печков
Објавено: сабота, 13 јули 2013
25 деца со попреченост и исто толку нивни придружници, еден од родителите од недела ќе престојуваат на седумдневен летен одмор во Охрид. Тие заминуваат преку Здружението на лица заболени од церебрална парализа од Велес а финансиски поддржано од Цира и Швајцарската агенција за развој.
Сите деца се од Велес има две и од селото Мелница и тие се згрижени преку проектот „Сервис за домашна поддршка и посета на лицата со инвалидност ,, . Децата овие седум дена ќе ги минат во одмор и рекреација во Извидничкиот центар покрај Охридското езеро. Ова е прв пaт овие деца да заминат на одмор и рехабилитација преку Здружението.
Tweet |