Петар Печков
Објавено: вторник, 22 јули 2014
Во Основниот суд во Велес во два одвоени судски процеси, изречена е вкупно казна затвор од 10 години за тројца родители, кои ги напуштиле децата.
Велешанката Д.Н. доби четири години затвор затоа што ги напуштила двете нејзини деца и ги оставила ан бабата да ги чува. Таа е прогласена ва виновна за кривичното дело напуштање на немоќно дете.
Обвинетета во текот на месец јули 2012 година, ги напуштила своите немоќни деца малолетните син и ќерка. По смртта ан сопругот, таа со двете деца заминала за Свети Николе а еден ден подоцна децата ги вратила кај бабата.
Од тогаш до јуни годинава, целосно се откажала од обврската за грижа на децата така што воопшто ниту се јавувала, ниту се интересирала за нивната состојба. Д.Н. е осудена за две дела напуштање на немоќно дете, за што доби казна затвор од по 3 година, вкупно шест, или во заедничка казна доби единствена четири години затвор.
Двајцата родители на малолетник добија казна затор од 6 години затоа што го оставиле нивното дете на улица. Мајката У.Л. е прогласена за виновна за кривичното дело Запуштање и малтретирање на малолетно лице за што доби затворска казна од 4 години, додека таткото К. А. . за кривично дело напуштање немоќно лице доби две години затвор.
Според обвинението мајката од март 2010 година до март 2011 година како родител на малолетникот роден 2000 година живеела во вонбрачна заедница и со нејзиното асоцијално однесување, со грубо запоставување на должност за грижа и воспитување, го запуштила и малтретирала малолетниот син.
Во овој период детето живеело во несоодветни услови за живот, физички го казнувала, го оставала сам во станот, не се грижела и не ги задоволувала неговите потреби за храна, облека и лична хигиена и не му дозволувала да оди на училиште, ниту да излегува надвор.
На таткото К.А. кој е недостапен на надлежните институции, по разводот од сопругата му бил доверен синот на одгледување, чување и воспитување но тој се однесувал крајно неодговорно. Го напуштил немоќното дете на возраст од 9 години, со намера трајно да се ослободи од него, на автобуската станица го предал на неговата мајка без да се заинтересира и да биде запознаен за состојбата и условите во кои живее син. За ова тие двајцата ќе одат в затвор шест години.
Tweet |