Петар Печков
Објавено: сабота, 11 август 2012
Триста и петнаесет болни деца од Велес на возраст од 8 до 15 години, во две смени заминаа на рехабилитација на Пелистер. Тие се со здравствени проблеми, поради децениското загадување од топилницата. Државата во соработка со граѓанското Здружението на родители за грижа за здраво поколение ги испраќа на седумдневно летување.
На оваа здравствена рехабилитација заминуваат деца основци, кои таму заздравуваат од последиците од работата на топилницата. Децата кои имаат хроничен бронхитис, алергии и анемии тоа го докажуваат со потврда од педијатар. На Пелистер е прекрасно, децата имаат исполнето време со прошетки, со работилници и по враќањето дома престојот таму, неколку месеци потоа влијае на нивната подобрена здравствена состојба – вели Иванка Андовска претседател на Здружението на родители за грижа за здраво поколение.
Ова е единаесетта година како што Министерството за животна средина ги испраќа децата од Велес на Пелистер. Поради големиот интерес а во договор со Министерството наместо 150 деца, на Пелистер ќе замина 315. За ова тие ќе платат учество од 3,3 илјади денари. Децата одмараат во две смени од 3-ви и од 10-ти август.
Општина Велес овозможува десет деца да летуваат бесплатно. Меѓу децата има неколку кои ќе одат со родители бидејќи се под осум години, најмалото има 3,5 години. Во првата смена има 50 деца од селото Возарци Кавадарци, а во втората смена по педесет деца од Миладиновци и од Осломеј.
Tweet |