Петар Печков
Објавено: недела, 15 мај 2022
Јубилеј од 10 години на спортскиот проект на децата од градинката „Димче Мирчев“ од средните и големите групи, се одбележеа денес на Градскиот стадион во Велес. Со овој настан се одбележа и 15 мај Светскиот ден на семејството.
„Децата со нивните родители беа распоредени на неколку спортски полигони. Тие вежбаа спортски игри, се натпреваруваа. Го работеа се што работат со реализаторите од Спортската академија Јуниор, на факултативните активности во Детската градинка“- кажа Маја Велиновска, директорка на Детската градинка Димче Мирчев.
Со оваа манифестација беа опфатени 400 деца и сите тие добија медали. Видеото може да го погледнете ТУКА
Tweet |