речник контакт

Децата од градинките учеа за здравата храна (фото)

Нема оправдување за некористење на здравата храна

Петар Печков

Децата и вработените до Детската градинка ,,Димче Мирчев,, го одбележаа светскиот ден на  храната.  Под мотото  ,,Ден на здрава храна,, со приготвување на храна и сокови од овошје и зеленчук  децата од градинките  учеа за здравата храна.

Учесници беа децата од возрасната група од 5 и 6 години а во подготовката  им помогнаа и децата од помалата возрасна група од 4 и 5 години.  

Дегустацијата на се што беше изработено  беше заедничка.  ,,Нема оправдување за некористење на здравата храна,,  велат од градинката.

Така преку игра, забава и едукација, градинката ги учеше  децата зошто е важно да се одгледува и конзумира овошјето и зеленчукот. Праксата за внесување здрава храна, градинката ја применува веќе подолго време. Наместо бонбони и торта, родендените сега се слават со овошје. Редовните оброци  пак се збогатени со здрава храна.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »