речник контакт

Децата се вратија во градинките

Во осумте клона на „Димле Мирчев“ згрижени се 920 деца

Петар Печков

Од денес се вратија и децата во градинките, започна новата воспитно - згрижувачка година. Во осумте клона на градинката Димче Мирчев, шест во Велес и по една во Караслари и Градско, згрижени се 920 деца до шест годишна возраст.

 „Приоритет  во згрижувањето имаат деца на самохрани родители и двајца вработени родители. И оваа година воспитно - загрижувачката дејност на градинката ќе се остварува согласно протоколите кои важеа од лани. За нивно доследно спроведување установата ги обезбеди сите неопходни материјално технички услови, потреби за безбедно згрижување на децата“ - кажа Маја Велиновска, директорка на детските градинки „Димче Мирчев“ од Велес.

Согласно протоколите до две годишна возраст групата може да брои 15 деца, до 6 години 20 деца, на листата за чекање се наоѓаат 235 деца.

Од градинката чекаат да се официјализира најавата за зголемувањето за пет деца во повозрасната група, како би пристапиле кон нејзина примена. Така би се опфатиле повеќе деца за престој во градинките.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »