Петар Печков
Објавено: среда, 02 јуни 2010
Децата со посебни потреби од Велес, започнаа да работат на специјализирани компјутери, прилагодени за нивна работа. Во овој проект се вклучени деца кои досега не биле прифатени во ниту една други институција како и децата од Дневниот центар за посебни потреби и од Здружението на деца заболени од церебрална парализа .
Станува збор за специјализирана информатичка технологија, наменета за деца кои имаат некаков хендикеп. Со нив работи обучен тренер и ова е нешто ново и интересно за нашите деца членови на здружението. Со оваа модифицирана опрема и децата кои не можат да го употребуваат компјутерот, сега им е лесно да работат и навлезат во информатичкиот свет. Тие покажуваат одлични резултати, сакаат да доаѓаат, да се дружат и играат работат на компјутерите – вели Далиборка Златева претседател на Здружението на деца заболени од церебрална парализа.
За нив е многу важно што децата ќе излезат од дома, ќе бидат институционално згрижени. Трите компјутери со специјализираната опрема на кои децата работат се донација од Општина Велес.
Tweet |