Петар Печков
Објавено: вторник, 17 јули 2012
Здружението на лица со церебрална парализа и граѓанското здружение ,,Хуманитарна фамилија,, од Бар Црна Гора потпишаа Меморандум за взаемна соработка. Со него се официјализира соработката помеѓу овие две невладини здруженија а со кое лица со церебрална парализа од Македонија бесплатно ќе летуваат во Бар – Црна Гора. Тоа ќе биде два пати во годината, вон сезона, на почетокот о крајот од летото, во јуни и септември.
На овој начин децата од Македонија, заедно со нивните врсници од Србија, БиХ и Црна Гора ќе имаат можност да летуваат. Тоа ќе биде по десет дена, и децата ќе имаат можност да имаат придружник. Нив им е обезбедено летување, престој и храна за петнаесет деца, додека патот е нивен трошок, освен ако преку донатори нашето Здружение не обезбеди средства а- вели Далиборка Златева од Здружението на лица со церебрална парализа. Годинава во јуни за прв пат отидоа 15 деца од Велес и Градско а во септември ќе одат исто толку од Прилеп, Неготино и Куманово.
Иако немам ниту еден во мојата или ви фамилијата од сопругата со посебни потреби, пред многу години се решив куќата која е на море да ја отворам за овие лица. Во периодот кога таа е празна им ја давам на користење на децата со посебни потреби. Човек на овој начин, кога помага, ги полни и неговите батерии со добро расположение. Се ова го правам од срце. На овој начин го будиме народот, дека со малку се постигнува многу. Уште повеќе ми е драго што повеќето до децата кои доаѓаат, немаат услови нивните родители тоа да им го овозможат - рече Ален Цековиќ претседател на Хуманитарна фамилија од Бар Црна Гора.
Тој ова го прави шест години по ред и ја отстапува куќата која ја спечалил со работа во Франција. Освен неговата а има и девет други куќи на црногорското крајбрежје. И освен што имаат сместување имаат и храна за истиот период.
Tweet |