Петар Печков
Објавено: сабота, 19 јануари 2019
По седум обиди безуспешно да го фати крстот на Водици во Велес, годинава во осмиот тоа му успеа на Дејан Петрушев (26 год) од Велес. Тој доаѓа од Солено чешмиче и скокнал заедно со неговите колеги од работа, од Ван Хол.
Ја продолжувам семејната традиција, татко ми скокаше уште првите години, продолжив и јас и еве годинава за прв пат го фаќам крстот. Очекувам здравје, мир, среќа и љубов, мене на семејството и тоа им го посакувам на сите велешани - рече Дејан, кој не е женет.
Додаде дека годинава Вардар бил тежок за пливање, имал среќа што реката го однела до крстот за една рака бил поумешен до друг скокач. Но освен што реката годинава имаше висок водостој, таа носеше и голем смет од Скопје и им го отежнуваше пливањето на скокачите. Татко му Тоше кој беше пресреќен го покажа крстот кој го добил подарок од Архиепископот Михаил во далечната 1998-ма кога скокал во Скопје.
Владиката Агатангел Митрополит на Повардарската Епархија на МПЦ-ОА
Сите води во нашата земја, Македонија денес се осветени. Ја носат водата во своите домови, ја попрскуваат, пијат или се завиваат. Верувам дека нашите срца се исполнети со голема радост и љубов, кон своите ближни, пријателите, роднините. Но и љубовта да ја шириме кон нашите непријатели, како што го стори тоа и Исус Христос. Но и да ни ги прости на нас Македонците гревовите, и да не спаси и избави од секое зло и да го сочуваме светото име, нашиот македонски јазик и македонска песна и оваа света македонска земја. Бог нека ја благослови. Земете си од водата и употребувајте ја кога имате главоболки, при очни болести, попрскајте ги Вашите домови - порача Владиката Агатангел.
Тој на Дејан му подари златно крвче и Библија, како и икона со која во следните 40 дена ќе ги посетува домовите на велешани.
Годинешен кум на Водици Во Велес беше Румен Смилев сопственик на ,,Малина,, кој на Дејан Петрушев му подари телевизор ,, како што беше брз и умешен во пливањето и фаќањето на крстот, така брзо да ти се остваруваат желбите во 2019-та година, и да се ожениш,, му посака Смилев.
Таков подарок телевизок доби и од аптеките ,,Зегин,,. Како и лани, така и годинава по крстот скокаше повторно една девојка, Марија Давчевска (22 год) од Караслари.
На двата брега од реката Вардар, кај Мало мовче, пред присутните имаше поставени две платна на кои пишуваше ,,Никогаш Северна, секогаш Македонија,,.
фото:Сашо Ѓоргов
Tweet |