речник контакт

Дејан Петрушев по втор пат за две години го фати крстот на Водици (фото и видео)

Годинава во Вардар скокнаа 72 лица, меѓу нив и две девојки, Ели Апостолова и Марија Давчевска

Петар Печков

Втора година по ред, богојавленскиот крст во Велес го фати Дејан Петрушев.  Тој како и минатата година, и оваа беше најумешен помеѓу 72-те лица кои скокнаа во Вардар на Водици. Меѓу нив имаше и две девојки Ели Апостолова  ( 26 год) и Марија Давчевска   (24 год). Крстот се фрлаше од Мало мовче. 

Ова ми е дванаесетти пат како скокам. Желбите како и лански  се исти, здравје и радост за сите. Тоа што го замислив, ми се исполни, бев среќен. Лани дел од средствата што ги собрав ги донирав и годинава ќе го сторам. Гледа Господ и враќа со арно. Згора на тоа денес ни е домашна слава - кажа Дејан.   

Нека е од Господ благословен, нека му даде среќа, радост, добрина, убавина му порача Владиката Агатангел, Митрополит на Повардарска Епархија на МПЦ-ОА.   Тој го даруваше со златен крст и Библија, како и икона со која во следните 40 дена ќе ги посетува домовите на велешани.

Телевизор доби од годинашниот кум ,,Пескара-Вел,, и од донаторите ,,ЈКП дервен,,  и аптеки ,,Зегин,, а подароци доби и од други  фирми и поединци. Подарок доби и од сопственикот  на Жито маркети, Јованче Ѓошевски ваучер за купување а тој ќе биде кум следната година.  

фото:Сашо Ѓоргов

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »