речник контакт

Дивечот го јаде родот од нивите во велешко

Ваквата состојба била со години, но никој не презел мерки да ги заштити

Петар Печков

Земјоделците од регионот на Извор,  реагираат дека дивечот им го уништува родот. Ваквата состојба била со години, но никој не презел мерки да ги заштити.  Еден од тие што го има овој проблем е Иле Пешовски. Тој има ниви близу селата Долно Врановци и Стари град.

„Дивите свињи ми ја изедоа пченката, додека волците се настрвија на бостанот. Многу штета имам летово. Треба ли пушка да земам и да се бранам од дивечот. Пријавувам за ова до полиција и толку. Сите креваат раце а јас и десетина други комшии сме оштетени. Не е прв годинава. Ова се случува со години наназад а спас нема“ -вели Пешовски.  

Објаснува дека штета не е од луѓе, бидејќи во нивите биле видливи отпечатоците од дивечот.

Со постојниот Закон за ловство,  волкот и дивата свиња не е дивеч кој е заштитен.  Трајно се заштитени мечката, рисот, дивата мачка, шакалот,  јазовецот, видрата, верверицата и други ретки животни и птици кои живеат во Македонија.

Од Министерството за земјоделие, шумарство објаснуваат дека секој поединец, кој има штети од дивеч, истите може да ги пријави.

„Во сите подрачни единици на МЗШВ со Решение на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, формирани се комисии за утврдување на штети од дивеч. Потребно е оштетените лица  да ги пријави штетите  во Подрачната единица на МЗШВ во Велес“ - соопштија од министерството.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »