речник контакт

Дивите градби, гаражите, нема да проработат, тврдат локалните власти

Општината решена да застане на пат на дивеењето на овие нелегални градби. Реакции стигнуваат и од сопственицте на деловниот простор во зградата наречена Убавица

Петар Печков

Пренамената на гаражите  во продавници од улица Благој Ѓорев не е законска и тие се дивоградби. Превземени се сите законски дејствија за да се спречи и сопре  оваа појава, изјавија од локалната власт на Општина Велес. Тие до тројцата сопственици поднеле и решение просторот да се врати во првобитната намена. Испратени биле и писма до ЈКП Дервен, ЕСМ-ЕВН со кои посочуваат дека  просторот е дивоградба и не може да биде приклучен на водоснабдување или електронапојување.

Од ПЕ на Министерството за економија потврдија дека  тие добиле писмен документ  потпишан од градоначалникот,  со кои се посочува дека на овие три објекти не може да  им се издаде одобрение за работа оти се дивоградби. Од локалната власт најавуваат дека наскоро ќе бидат поднесени и кривични пријави против тројцата сопственици заради дивоградби а поднесено им е решение и за враќање во првобитна состојба.

Доколку тоа не го сторат се соочуваат со можноста општината да  ги изврши тие градежни дејствија а тројцата сопственици да го платат извршувањето. По нивни стапки, пренамена без дозвола изминатиот период тргнаа и други двајца газди на гаражи, кои работеле  на уредување од внатрешна страна, за да сега ископаат скалила и отворат врати од страна на улицата Благој Ѓорев.

Од општината објаснуваат дека и против овие две лица се преземени истите активности и тие се соочуваат со истите казнени одредби за дивоградба, бидејќи никој од петте сопственици немал дозвола за пренамена, издадена од Општина Велес.   А за ваквото  незаконско однесување на неколкумина сопственици на гаражи, реагираат и сопствениците на просторот од продавниците на улица Благој Ѓорев, под зградата наречена Убавицата.

Тука има дваесетина дуќани а работат само шест. Ние ги купивме и плативме помеѓу 20 и 30 илјади евра а тие сакаат за 2 илјади евра, колку што е една гаража да добијат деловен простор. Тоа не може. Испратив писмо и до Премиерот и министерот за транспорт и врски, оти ова е страшна работа. Непочитување на закон и ред, дивеење  – вели еден од сопствениците на дуќаните,  горе во просторот под зградата. 

Велешани пак беа сведоци како  на дело урбаната мафија се обидува да легализира простор за кој нема дозвола а останува да се види како натаму ќе течат работите, дали сопствениците ќе ги вратат во првобитна состојба или ќе мора општината да преземе градежна активност тие да се рушат и пополнат со земја. Екологистите прашуваат само кој ќе ги врати трите дрвја брези кои беа сурово исечени, што според нив е исто така кривично дело.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »