речник контакт

Дивите тезгаџии го заземаа и езерото Младост

Собраа пари а ништо не платија, ова е резултатот од првомајското славење на трговците на езерото Младост.

Петар Печков

    Бројните ,,тезгаџии,, кои нудеа се, од сендвичи, преку скара до сладолед имаа штандови за продажба но немаа дозвола.  Ниту побарале место за локација од локалната самоуправа,  ниту пак имаат дозвола за работа, така што сите тие беа ,диви,, .

Очигледно продолжува старата навика на поставување тезги за еден ден, на своја рака. Таа е присутна таму со години, со децении и затоа е потребно да се стави ред. Затоа локалната самоуправа ќе преземе мерки тоа да не се случува повеќе – изјави Горан Петро градоначалник на Велес.

Оваа појава е посебно актуелна во летните месеци, кога поради  бројните одморџии на бреговите не езерото Младост, таму бројни угостители работат на црно, без елементарни услови за работа, вода, хигиена.. Затоа реакциите на јавноста се во делот да не се случи нешто опасно по здравјето на потрошувачите,  некое труење, во текот на врелите летни денови,  по што би било доцна да се реагира отпосле.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »