Петар Печков
Објавено: вторник, 09 септември 2008
Во заедничка акција на повеќе инспекции, поддржани со асистенција на полицијата тезгите околу и надвор од Градскиот пазар во Велес се отстранети. Дивите тезгаџии, повеќе стотина на број, кои во пазарните денови го окупираа просторот околу пазариштето, како нелојална конкуренција им пречеа на сопствениците на тезги, кои неколку години укажуваа на овој проблем.
- Добро е што по толку наши апели, конечно се реши проблемот со нелегалните тезги надвор од Градскиот пазар, кои што не плаќаа никакви давачки, наспроти нас кои редовно ги плаќавме таксите или имаме регистрирано фирма - велат велешките индивидуални земјоделци и трговци. Нивните реакции резултираа минатиот вторник кога беа иселени дивите препродавачи а акцијата на пазаришната и комуналната инспекција, поминала без проблеми.

Tweet |