Петар Печков
Објавено: понеделник, 14 март 2011
Педесетината куќи кои поселдните десетина години никнаа по долниот тек на Бабуна немаат основа да добијат документација дека се легални. Тие се изградија на потегот од клисурата Пешти до вливот на реката во Вардар и се наоѓаат на плацеви кои се узурпирани или се земјоделска површина. Надежите на нивните сопственици дека со Законот за легализација тие ќе добијат во матно, нема да се реализираат.
Законот е доста либерален и дозволува секој да се пријави да го легалзиира неговиот објект. Но тоа не значи дека секој и ќе биде прифатен, посебно за одредени реони, за кои има нагласено што и каде може да се изгради. За тоа ќе решава надлежната комисија- изјави градоначалникот на Велес, Горан Петров.
Пред седум години, овој дел долниот тек на реката Бабуна од страна на Советот на општина Велес беше прогласен за карактеристичен пејсаж и таму не е можно да се гради. И покрај ваквата одлука, педесетина куќи се изградија во овој дел, при што иако немаат дозволи на чуден начин добија струја а отпадните води завршуваат најчесто во Бабуна. Но сите овие години, локалната власт немаше храброст да го реши овој проблем.
Tweet |