речник контакт

Дигитална изложба на Данчо Стефков 30 години театарска дејност

Стефков за овие 30 години работел на 230 престави и 80 на Фестивалот Стоби

Петар Печков

Велешанецот Данчо Стефков со дигитална изложба одбележа 30 години работа  во и со театарот.  Настанот  се одржа во фоајето на велешки театар. Го најави директорот Сашо Димовски, како дел од содржините на Фестивалот на античка драма „Стоби 2023“.

„Изложбата „Мемоар“ е сеќавања и навраќање на фестивалот од неговите почетоци. Сеќавањата се спомени,   мемоарите се лични спомени, кој во одреден миг ја надминуваат сферата на личното и стануваат дел од колективната меморија.  Изложбата покажува колку и што треба да се случи за еден фестивал да се одржи, постои“ - кажа Димоски.
 Стефков се потсети дека се започнало 1993 со претставата „Антигона“ кога велешки театар започна со одигрување на претстави на антички текст, на локалитетот Стоби.  

„Во подготовката на оваа изложба го вратив времето,  се вратив на почетоците на фестивалот. Сфатив дека има сработено вкупно преку 230 претстави. Оваа дигитална изложба опфаќа претстави што сум работел само на фестивалот, тоа се околу 80. Во еден дел се престави работени од 2012 до лани а во филмот  се прикажани за периодот од 1993 до 2012. Оваа работа е мојот живот, го сакам театарот и како институција и како вљубеник“ - рече Стефков.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »