Петар Печков
Објавено: понеделник, 06 мај 2013
Без оглед дали се работи за Ким Јонг Ун, Башар ал Асад или Пол Пот, . Но, демократските вредности тие не ги презеле. Детето од Северна Кореја било мирно и тивко, не било забележително. Германскиот јазик не му одел најдобро. Најчесто го гледале облечен во Наик тренерки. На другите ученици им изгледал многу чуден. Неговото име за сите во училиштето било Ун Пак, официјално се претставувал како син на севернокорејски дипломат вработен во дипломатско претставништво. Во елитното швајцарско училиште Лиебфелд Стеинхолзли во близина на Берн тој дошол во 1997 година и почнал да оди во шесто одделение.
Џоао Микаело со него одел заедно во одделението и бил еден од неговите ретки другари. Еден ден, Микаело изјавил за новинарите на швајцарскиот дневен весник Тагенсанзеигер, Ун Пак ми ја призна својата тајна:
Јас всушност не сум син на дипломат, јас сум син на претседателот. И за да му го докаже тоа, неговиот помлад пријател му покажал една фотографија заедно со тогашниот севернокорејски претседател Ким Јонг Ил.
Двоен идентитет
Но, Микаело не му верувал, мислел дека се работи само за фалење. Во меѓувреме тој станал сигурен: неговиот тогашен училишен другар е денешниот севернокорејски диктатор Ким Јонг Ун. Официјални потврди за тоа секако од севернокорејската страна нема. Но, дилеми исто така нема: проверувајќи ја вистинитоста на наводите, швајцарскиот весник Сонтагцајтунг во 2012 година од антропологот Раул Перот порача да се споредат тие фотографии со актуелните слики на претседателот на Северна Кореја. Резултат: 95 отсто совпаѓање.
– За мене тука нема сомневање. Ученикот Ун Пак е всушност Ким Јонг Ун – рече антропологот.
Во швајцарското училиште тој останал до 2001 година, а потоа одеднаш и без трага исчезнал. Кога првите приказни за престојот на младиот наследник на диктаторскиот трон на Северна Кореја протекле во Швајцарија во јавноста, многумина се надевале, дека годините кои ги поминал на Запад сепак позитивно ќе се одразат на неговите демократски верувања. Но, за сега ништо од тоа не се гледа: Ким Јонг Ун навистина сака забавни паркови како Дизниленд, но се уште многу повеќе ја сака моќта и сака да ја зачува по секоја цена.
Демократија – Не благодарам!
Синовите на диктаторите, вели политикологот Гинтер Мејер, не доаѓаат на Запад за да научат што е демократија. Се работи за тоа тие да го научат начинот на животот на Запад, да добијат добро образование. По завршување на училиштето тие се враќаат во старите структури.
- Тие се дел од системот на моќ од кој не можат да побегнат. Кој ќе попушти во демократските тенденции и го преземе тој систем на вредности, го загрозува не само својот удел на моќ, туку и целиот свој клан – вели Мејер.
Притоа, Ким Јонг Ун не е осамен пример. И сирискиот диктатор Башар ал Асад дел од својата младост ја поминал во странство. Година и половина тој студирал медицина во Лондон. Кога ја презел власта и Дамаск, луѓето изразиле надеж во неговата отвореност кон реформите.
– На него се гледаше како на либерален водач кој ќе промовира демократија – вели политикологот Мејер. – Но, тој мораше многу брзо да увиди дека поради односите на моќта внатре во неговиот клан од една страна, како и поради притисокот од страна на тајните служби од друга, тој не може да излезе надвор од постоечките структури без да се загрози себе и целиот клан на Асад, И така на крај Башар продолжи да ја спроведува авторитарната политика на својот татко Хафиз.
Добро за економската соработка
Надежта дека со помош на образование на синовите диктатори на елитните западни училишта, може да дојде до еден вид на извоз на демократија, до сега не се оствари. Така на пример, Саиф ал Ислам Гадафи, синот на поранешниот либиски диктатор Моамер ал Гадафи, на угледното училиште во Лондон Скул оф Економикс, ја одбрани својата докторска дисертација со наслов: Улогата на граѓанското општество во демократизацијата на глобалните институции.
Тоа звучи многу ветувачки. Но, кога во Либија се работеше за одбрана на моќта на неговиот татко и кланот Гадафи, Саиф ал Ислам заборави на сите демократски начела и посегна по оружје. По падот на Гадафи од власта во Либија и победата на бунтовниците во 2011 година, Мечот на Исламот – како што гласи преводот на неговото име – седи во затвор. Главниот обвинител од Меѓународниот суд за воени злосторства во Хаг бара негово испорачување, поради сомневање дека вршел воени злосторства.
Школувањето на млади диктатори на Запад, сепак не проаѓа сосема без трага. Според мислењето на политикологот Гинтер Мејер, тоа е добро за економската соработка.
– Тука се воспоставуваат врски и познанства, а од тоа сите профитираат. Тоа е многу добро и за германското стопанство, пред се кога се работи за поделба на работите при склучување на нови договори.
Не е се безнадежно
Да се учи во Европа, имено не значи нужно да се учи за хумано и демократско владеење, покажа и претходно случајот со камбоџанскиот диктатор Пол Пот. Овој масовен убиец кој покрена машинерија која во таа земја убио над два милиона луѓе, во младите денови студирал на елитниот париски универзитет Сорбона.
Дека се не е безнадежно, според мислењето на политикологот Мејер, покажува примерот од арапската пролет. Тука престојот на многу студенти во Европа оставило трага на нивното сфаќање за демократијата и потреба од демократска власт во општеството. – Тука имаме многу примери на млади луѓе кои студирале на Запад, па по враќањето значително придонеле за либерализација и секулазирација на нивните општества – вели Мејер.
преземено од радио Дојче веле
Tweet |