речник контакт

Дилеми околу роботите

Роботите не мора да бидат премногу интелигентни за да бидат доволно интелигентни. Ние би биле совршено задоволни ако роботот може да следи едноставни наредби и да се грижи за куќата, или да користи машини за извршување на задачи кои се повторуваат.

Зоран Николов

Роботите не мора да бидат премногу интелигентни за да бидат доволно интелигентни. Ние би биле совршено задоволни ако роботот може да следи едноставни наредби и да се грижи за куќата, или да користи машини за извршување на задачи кои се повторуваат.[br] [br] Да се конструира робот е тешко бидејќи мора да се смести многу компактен компјутер во нег?виот череп, кој треба да има приближно човечки облик. Правењето на доволно сложен компјутер кој би бил компактен како човечкиот мозок е исто така тешко.[br] [br] Но, ако ги занемариме роботите, зошто би се мачеле да правиме толку компактен компјутер? Основните компоненти на компјутерите стануваат сè помали и помали, од електрични ламби и транзистори, до мали електронски кола и силиконски чипови. Да претпоставиме дека, наместо да ги намалуваме основните компоненти, ние би ја зголемиле целата структура.[br] [br] Ако човечкиот мозок премногу се зголеми, неговата ефикасност ќе се намали бидејќи нервните импулси не се движат доволно брзо. Најголемата брзина што ја постигнуваат е околу 6,03 километри во минута. Така, нервниот импулс може да блесне од едниот до другиот крај на нашиот мозок за 1/450 од секунда, но ако замислиме мозок долг 15 километри, времето потребно импулсот да ја помине неговата должина би било 2,5 минути. Зголемената комплексност која би била овозможена со големината би била бесполезна поради долгото чекање при движењето и обработката на информациите во него. Компјутерите, од друга страна, користат електронски импулси кои се движат со брзина од околу 18 милиони километри во минута. Компјутер широк 650 км сеуште би можел да праќа електронски импулси од едниот до другиот свој крај за 1/450 секунди. Таквиот компјутер, и покрај астероидната големина, сеуште би можел да обработува информации со брзина на човечкиот мозок. Значи, ако замислиме комјутери направени од сè поситни и поситни компоненти, со сè позамрсена меѓусебна поврзаност, кои истовремено стануваат сè поголеми и поголеми, нели изгледа можно тие компјутери да станат способни за правење на сите работи кои може да ги прави и човечкиот мозок? Постои ли теоретска граница за тоа колку интелигентен може да стане еден компјутер?[br] [br] Јас немам чуено за такво нешто. Мене ми изгледа дека секојпат кога ќе научиме да спакуваме поголема комплексност во даден волумен, компјутерот станува поспособен. Секојпат кога ќе се зголеми компјутерот, со тоа што неговите компоненти би останале збиено комплексни, компјутерот станува поспособен. Можно ли е, ако научиме да ги направиме компјутерите доволно комплексни и доволно големи, тие да ја достигнат човековата интелигенција?[br] [br] Некои луѓе се сигурни во своето неверување во тоа и велат: „Но, може ли компјутер да создаде голема синфонија, големо уметничко дело, нова научна теорија?“[br] [br] Одговорот кој јас обично сум во искушение да го дадам на ваквите прашања е: „А можете ли Вие?“ Но, секако, дури и ако сомничавецот е просечен, има исклучителни луѓе кои се генијални. Меѓутоа, тие се гении само поради тоа што атомите и молекулите во нивните мозоци се распоредени според некој комплексен ред. Во нивните мозоци нема ништо освен атоми и молекули. Ако ние ги распоредиме атомите и молекулите во компјутерот соодветно комплексно, би било можно да добиеме гениј. А тоа што поединечните компоненти не се толку мали и деликатни како оние во човечкиот мозок, може да се компензира преку зголемување на компјутерот.[br] [br] Некој би можел да каже: „Но компјутерите можат да го прават само она за што се програмирани.“ Одговорот на тоа е: „Точно. Арно ама, и човечкиот мозок може да го прави само она за што е програмиран да го прави - од страна на неговите гени. Дел од програмирањето е и способноста да учи, и тоа ќе биде дел од програмирањето на интелигентниот компјутер.“[br] [br] Всушност, ако може да се направи компјутер интелигентен како човечко суштество, зошто не би можел да се направи компјутер кој би бил поинтелигентен? Зошто да не, навистина? Можеби во тоа е и суштината на еволуцијата. Во текот на три милијарди години, развитокот на атомите и молекулите, со глацијално спор напредок по пат на погодоци и промашувања, конечно произведе вид доволно интелигентен за да го преземе следниот чекор во временски интервал кој се мери со векови, или дури и декади. Тогаш работите навистина ќе се помрднат.[br] [br] Постои ли опасност компјутерите да нè заменат, ако станат поинтелигентни од човечките суштества? Па, зошто да не? Тие би можеле да бидат исто толку љубезни колку што се интелигентни и да нè пуштат да исчезнеме од истрошеност. Тие може да задржат некои од нас како домашни миленици, или во резервати. Притоа, земајќи го предвид она што ние си го правиме себеси во моментов - на сите живи суштества и на планетата на која живееме, можеби е време да бидеме заменети. Можеби вистинската опасност лежи во тоа компјутерите да не се развијат доволно бргу до степен да можат да нè заменат. Размислете за тоа!

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »