речник контакт

Димитар Ѓуров нов командир на велешката полиција

Тој беше избран со мнозинство гласови, опозицијата воздржана

Петар Печков

  На денешната седница на Советот на општина Велес беше избран командирот на Полициска станица Велес. Од тројцата предложени кандидати советниците се одлучија за Димитар Ѓуров ( 30 год).

Тој има завршено воена академија и 5 години 4 месеци стаж, но бидејќи има бенефициран работен стаж има повеќ од шест години, со што го исполнува и тој услов. Нему доверба му даде владеачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, додека опозицијата со 8 гласа беше воздржана. Претходно таа објаснуваше зошто така ќе гласа, но овој пат не се изјасни.

Именувањето на Ѓуров треба да помине и од стана на министерката Гордана Јанкуловска која треба да ја потврди оваа одлука на велешкиот Совет. Освен Ѓуров меѓу кандидатите беа и Орце Коцевски и Игор Трајковски.

 Оваа точка од дневниот ред на Советот ја следеше и претставникот на ОБСЕ во Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »