Петар Печков
Објавено: вторник, 23 јануари 2018
Македонскиот интернационалец, ракометарот Дарко Димитриевски кариерата ја продолжува во Израел. Тој неодамна потпиша договор со клубот Хапоел од Ашдод.
Клубот е на седмата позција во Израелското рпвенство со 12 бода од 12 натпревари а лигата брои 12 клуба. Димитриевскиигра на позиција на централен бек има 24 години и во Израел замина од скопски Металург, незадоволен од минутажата.
Тој последните две години са наоѓа на поширокиот состав на македонската репрезентација, но не успева да влезе во завршиниот список и настапи на некое Европски или Светско првенство. Но со оглед на младоста и квалитетот, сигурно е дека шансите се пред него.
Младиот велешанец кариерата ја започна во РК Борец, па прдолжи во Вардар, Куманово, за да замине во Катар. Од таму во Пуерто Сагунто и во Адемар Леон од Шпанија, унгарски Чургои, па во Металург од каде доаѓа полусезона во Борец му помогна да биде шести во Македонија, минатата пролет, есеноска пак во Металург и сега во Израел.
Tweet |