Петар Печков
Објавено: петок, 19 јули 2019
Велешани ги користат услугите за дообразование кои ги нуди Работничкиот универзитет ,,Благој Страчковски,,. Така според извештај за бројот на кандидати на спроведени - реализирани услуги во 2018-та година имало 387 лица, додека во 2017-та нешто повеќе, 466. Најмногу интерес имало за ракувач на виљушкар 162 лица.
Останатите занимања се со далеку помал број, болничар со 70, работа со компјутер 44, угостител -готвач 38, ракувач со електрично вовче 37, ѕидар 35. Ова се бројки за изминатите две години, 2018-та и 2017-та. За истиот период во оваа институција со основно образование се стекнале 28 возрасни лица. Меѓу занимањата за кои лани се доделил сертификат е и ,,сечач на дрва во урбана средина,,.
Постои интерес за услугите од дообразованието, кои ги даваме, бидејќи дипломите се и меѓународно признати. Имаме корисници кои работат и во Јужна Африка и немале проблеми - вели Јордан Галев директор на Работничкиот Универзитет.
Работничкиот универзитет Благој Страчковски од Велес, спроведува основно образование за возрасни во согласност со наставни програми утврдени од Министерството за образование и наука. Стручно образование и обука за возрасни каде преку организирање на обуки од разни занаети и занимања заинтересираните се стекнуваат со знаење и вештина, информатичко образование и изучување на странски јазици. Врши доквалификација и преквалификација за возрасни лица, и проверка на веќе стекнати знаења и вештини – сертификација. Формиран е со цел за масовно описменување на народните маси, работи од 13.01.1954 година.
Tweet |