речник контакт

Директорката од училиштето во Чашка пријавила физички напад врз неа, при време на утринскиот протест

Полицијата најавува дека ќе го расчисти случајот

Петар Печков

 Во текот на  вчера, среда, утрото, во полиција било пријавено дека директорката е нападната од страна на лице. Деталите од соопштението ан СВР Велес.  

„На 13 декември во 13.30 часот во Полициската станица во Велес, Е.Н.(53 год) од Велес, в.д. директорка во основно училиште во населба Чашка, пријавила дека утрото пред влезот на училиштето каде се одржувал јавен собир на група на граѓани, била физички нападната од едно лице“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Полицијата најавува дека презема мерки за расчистување на случајот.

Во населба Чашка две седмици траат протести против отворање на паралелка на албански јазик во тамошното училиште, бидејќи родителите сметаат дека нема потреба од неа, поради малиот број на деца  Албанци, ученици во населбата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »