речник контакт

Директорот на ЈЗУ Здравствен дом Нино Николов си поднесе оставка

Николов соопшти дека се враќа на адвокатската работа

Петар Печков

Директорот на ЈЗУ Здравствен дом  Велес Нино Николов, даде неотповиклива оставка од гункцијата директор. Оваа функција ја извршуваше од месец март 2023 година а на истата дојде од редот на адвокатите. Тој  кажа дека оставката ја дава оради лични причини.

„Функцијата директор на ЈЗУ Здравен дом Велес ја извршувам скоро година и пол, професионално и совесно, со многу завршени проекти за здравствениот дом, како што е целосно реноворање на објектот во Нова населба, зголемување на капацитетот на лабараторијата со нова и уште посовремена апаратура, со цел зголемување на квалитетот на услугите за граѓаните. Воедно обезбеден е проект и дозвола за реконструкција на фасадата на главната зграда. Функцијата директор ја предавам без никакви долгови на установата и со позитивен финансиски резултат“- кажа Николов.

Дополни дека се враќа на неговата  примарна професија тоа  што го работеше претходно, адвокатската дејност.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »