речник контакт

Директорот на ЈКП Дервен поднесе оставка

Ѓоре Стојанов ја поднел од морални причини, конфликт на интереси оти и синот му е раководител на државна институција

Петар Печков

Директорот на ЈКП Дервен Ѓоре Стојанов поднел  неотповиклива оставка и бара да биде разрешен од оваа позиција. Ова на прес конференција го објави градоначалникот на Велес Аце Коцевски. 

Тој ја објасни и причината поради која Стојанов по една година, заминува од директорското место на велешкото комунално претпријатие. 

Стојанов оставката ја поднесува поради тоа што неговиот син во меѓувреме станува  раководител на регистрационото одделение на Централен регистар во Велес. Тој се повлекува од високо морални причини, двајца членови на едно семејство да не бидат на две високи раководни позиции, да нема непотизам  и му честитам на овој гест - рече Коцевски. 

Тој му се заблагодари на соработката на Стојанов изминатиот период. И додаде дека успеал да го стабилизира ЈКП Дервен  во ситуација кога има високи побарувања, а неколку години не платени фактури од Општина Велес.   

Регистрационото одделение на Централен регистар на Македонија, за Велес од средината на ноември, доби нов раководител. дипломираниот економист Јане Стојанов, место кое го години беше празно.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »