речник контакт

Дисклокација од брегот на езеро Младост

Општина Велес ги дистрибуираше решенијата за отстранување на дивоградбите лоцирани покрај брегот на езерото Младост.

Петар Печков

Општина Велес ги дистрибуираше решенијата за отстранување на дивоградбите лоцирани покрај брегот на езерото Младост.

Тие треба да се дислоцираат до средината на месец октомври, до кога градските власти сметаат дека трае камперската сезона. Дотогаш стотина диво поставени камприколки, шатори и камп куќи, нивните сопственици треба да ги остранат од државното земјиште, некои тоа веќе го сторија.

Ова доаѓа по неколку годишната реакција на граѓаните на Велес кои се жалеа дека плажите на езерото Младост се освоени од кампери но и по доделувањето на крајбрежниот појас од страна на Владата  во владение на Општината. Градските власти најавуваат дека се работи на Детален урбанистички план за езерото Младост, по што ќе бидат познати локациите каде ќе може да се кампува, дека ќе се постават санитарни јазли, ќе се уреди просторот ќе се постави инфраструктура.

Поддршка во воведувањето ред доаѓа и од граѓанската асоцијација „Спас за езерото Младост“ но тие предупредуваат дека право таму да кампуваат имаат сите граѓани.

- Добро е што локалната власт реши да ги отстрани дивите градби, бидејќи таму плажите беа освоени од кампери и излетниците не можеа да стигнат до водата. Очекувам дека ќе има ред при доделувањето на места за кампување а нема да биде по принципот кој прв стигне што ќе доведе до нов хаос а ќе се уништи боровата шума -вели д-р Милчо Трајков, претседател на здружението „Спас за езерото Младост“.  

На бреговите на велешкото езеро експанзија на годишно одморци дојде во последните петнаесетина години, кога таму летуваа гости не само од Велес, туку и од Скопје, Штип, Куманово, Кочани, Свети Николе.

Тие ги поставуваа нивните објекти покрај водата не водејќи сметка дека против правно узурпираат државно земјиште а некои дури таму оградија простор за градини со цвеќе и градинарски производи. Условите за летување беа лоши без вода, ве-це, електрична енергија, но покрај тоа илјадници посетители тука ги минуваа летните месеци. Од ова градскиот буџет немаше никаква финансиска корист, бидејќи не се наплатуваше такса.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »