Петар Печков
Објавено: четврток, 08 јули 2021
Рускиот дисконтен синџир маркети „Мере“, или како што на Запад го нарекуваат „рускиот Лидл“ отвори фирма во Република Македонија и бара вработени за повеќе градови низ цела држава, меѓу нив и за Велес.
Компанијата веќе објави огласи за вработување во кои бара менаџери за развој во Скопје, Куманово, Охрид, Струга, Струмица, Гостивар, Тетово, Велес, Штип, Кочани, Прилеп, Битола и Кавадарци, менаџер за набавки, систем администратор…
Овој руски синџир супермаркети во британските медиуми го опишуваат како „руски Лидл“. Има 3.200 продавници ширум светот.
Во нашиот регион присутен е во Србија од декември лани, и таму планира да отвори стотина продавници. „Мере“ е трет по големина руски синџир маркети.
Tweet |