речник контакт

До 17ч. 43 отсто гласачи во Велес го дале гласот, а пред четири години излегле 51 отсто

Во Лозово гласале 64 отсто, Градско 57 а Чашка 54

Петар Печков

Излезеноста на гласачите во Општина Велес за Локалните избори, во 17 ч. е 43 отсто или од запишаните 45,892 гласачи првото на глас го оствариле 19.697 ( од 99,82 пребројани гласови).  Споредба со локалните избори во 2017-та, во истиот термин 17 ч. тогаш излезеноста била 51,26  отсто.

Во Општина Градско излезеноста е 57,11 отсто или од запишани 3.113 гласачи, правото на глас го реализирале 1.775 лица (од 99,84 пребројани гласови).  Споредба со локалните избори во 2017-та тогаш излезеноста била 55,70 отсто.

Во Општина Лозово излезеноста е 64,13  отсто или од запишани 1.984 гласачи, правото на глас го реализирале 1,271 лица (од 99,90 пребројани гласови).  Споредба со локалните избори во 2017-та тогаш излезеноста била 59,19 отсто.

Во Општина  Чашка  излезеноста е 53,88  отсто или од запишани 6.171 гласачи, правото на глас го реализирале 3.321лица (од 99,89 пребројани гласови).  Споредба со локалните избори во 2017-та тогаш излезеноста била 53,52 отсто.

Податоците сe од Државната Изборна Комисија

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »