речник контакт

До 19 ч. во велешко излегле 47 отсто гласачи, што е далеку помалку отколку за парламентарни пред четири години

Во Лозово, Градско и Чашка висока излезеност. Вечерва се гласа до 21 ч.

Петар Печков

ТрМр со збирна информација колку гласачи излегле на гласачките места денес 15-ти јули до 19 ч.

Излезеноста за гласање во ОИК Велес до 19ч. е 47,11 % за сите 84 избирачки места (за споредба за парламентарните  избори во 2016-та  кога  имало 71,81 %)

Излезеноста за гласање во ОИК Градско до 19 ч. е 54,83  % за сите 11 избирачки места ( за споредба за парламентарните  избори во 2016-та кога  имало 73,37 %)

Излезеноста за гласање во ОИК Лозово  до 19 ч. е 65,25 % за сите девет избирачки места ( за споредба со парламентарните  избори 2016-та кога  имало 79,36 %)

Излезеноста за гласање во ОИК Чашка  до 19 ч. е  57,57 %  за сите 30 избирачки места ( за споредба со парламентарните  избори 2016-та кога имало 67,4 % )

Во третата изборна единица излезеноста до 19  ч беше 51,66  % од запишани 278.511 гласачи, од 99,27  % избирачки места ( споредбено со парламентарните избори во 2016-та кога имало  72,74 %)  додека на ниво на држава, беше 45,77  % од запишани 1.814.263  граѓани со право на глас, за  99,5 % избирачки места ( за споредба со парламентарните  избори во 2016-та  имало 66,79 % )

Податоците се според Државната изборна комисија. На овие избори се гласа до 21ч.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »