Петар Печков
Објавено: вторник, 04 ноември 2014
Најновиот македонски филм, дело на Столе Попов викендов, петок, сабота и недела ќе биде прикажан во Велес. Почеток е во 19ч. во салата на стариот театар, цената на влезницата а е 100 денари.
"До балчак" е приказна за богата млада Британка од Франција (Инти Шрај), која со млад Македонец, париски студент од богата куќа (Мартин Јорданоски), тргнала кон Солун во 1907 и заглавила во постилинденска Македонија каде што турскиот аскер крваво го задушил востанието, народот страда од насилството, комитите се разбиени, без раководство и идеја, а сите се бијат меѓу себе. Таа ќе се судри со локалниот турски командант (Тони Михајловски) и ќе има љубовна афера и со студентот и со еден војвода (Сашко Коцев).
Дејствието на филмот се случува во првата декада од XX век. Филмот е сурова, но романтична љубовна приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност, изразена преку балканска филозофска максима: „Ебати животот, ако не си спремен да умреш за негo”. Во филмот е прикажана реалната стварност на суровиот живот, низ македонската историја, исполнет со историски апсурди. Антивестерн, пандан на традиционалниот „Амerican Western“ или нешто што слободно би можеле да го наречеме „Маcedonian Eastern“, ова е филм што излегува од просторот на кој од памтивек се среќаваат и судираат западната и источната цивилизација. До балчак е македонски кандидат за наградата Оскар.
Улогите во филмот ги толкуваат: Инти Шрај, Мартин Јорданоски, Сашко Коцев, Сенко Велинов, Тони Михајловски, Мики Манојловиќ, Никола Којо, Никола Ристановски, Јовица Михајловски, Искра Ветерова, Јордан Симонов, Драган Спасов, Ана Костовска, Гораст Цветковски, Владо Јовановски, Камка Тоциновски
Време траење: 165min.
Режија & Ко-Сценарист: Столе Попов
Сценарио: Горан Стефановски
Директор на Фотографија:Апостол Трпески
Музика: Дуке Бојаџиев
Костимографија: Емилија Ивановска
Продукција: TRIANGLE FILM
Tweet |