Петар Печков
Објавено: среда, 18 септември 2019
По саботната премиера на претставата,,Одам на лов,, од Жорж Фејдо а во режија на Дејан Дамјановски, во велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Константинов џинот,, до крајот на годината ќе бидат прикажани уште три премиери, најави в.д. директорот Александар Ивановски.
Публиката до крајот на годината, ќе може да ги види ,,Слуга на двајца господари,, во режија на Ненад Витанов која ќе има премиера до крајот на октомври, ,,Сестрите Брозорови,, во режија на Васил Зафирчев публиката ќе ја види до крајот на ноември и ,,Сара,, по текст на Катерина Момева а во режија на Елеонора Теова чија премиера е најавена за декември годинава. Првата претстава ,,Слуга на двајца господари,, се работи со средства од Програмата на Министерството за култура, додека другите две се од Буџет на велешки театар.
Освен што на тековниот репертоар има неколку претстави, велешки театар за наредниот период има веќе договорено три гостувања. Веќе четврток, во рамките на фестивалот МОТ, на сцената во Велес ќе се прикаже претставата ,, Злосторство на 21 век,, . На 5-ти октомври во Куманово на Фестивалот Денови на комедијата ќе биде одиграна претставата ,,Одам на лов,, Во Периодот од 4-ти до 11-ти ноември, на меѓународниот театарски Фестивал ,,Отело,, во Тетово, ќе се изведе претставата ,, Злосторство на 21 век,,.
Tweet |