речник контакт

До крајот на месецов треба да се отстранат пречките за изградба на пречистителна станица и колекторски систем

Проектот е грант на ЕУ вреден 24 милиони евра

Петар Печков

Продажбата на парцелата каде требаше да се гради пречистителна станица заедно со коледарски систем ја сопре постапката  за нејзината изградба, Таа треба да ги собира отпадните води од  домовите во Велес. Се бара решение за нова локација. Од министерството за земјоделие најавуваат дека до крајот на месецов, правните работи кај нив ќе бидат завршени.

„Во најбрз рок постапките кај нас ќе бидат завршени, во тек е раскин на одреден договор. Овој месец тие треба да заврши, за потоа градоначалникот да ја продолжи постапката за изградба на пречистителна станица“ - кажа Љупчо Николоски, министер за земјоделие.  

Со проектот  треба да се прифатат сите  отпадни води од левата страна на градот, да се постави цевка под реката Вардар, близу автобуската, да се префрлат на десната страна. Потоа да се носат до пречистителната станица. Таа е планирана под вливот на реката Бабуна во река Вардар, низводно од Велес.

„Очекувам за месец дена, земјиштето каде треба да биде лоцирана пречистената станица,да биде чисто, за да може да продолжат натаму постапките“- изјави градоначалникот на Велес, Марко Колев.   

Според проектната документација,  вредноста е  околу  24 милиони евра,средства од ЕУ. Ако се биде според планираното неговата реализација би започнала   годинава.  Поради комплексноста и специфичноста на теренот, би траела  подолг временски период.  Проектот го  води Министерството за животна средина.

Обидот да се решат отпадните води и канализацијата од домовите во Велес,  кои директно се влеваат во Вардар, преку колекторски систем и пречистителна станица, пред 20-тина  година со кредит од Португалија  пропаднаа.   Тие подолго време работеа на проектот, но кога дошле во Велес виделе дека има непремостлива пречка, градот е распослан на два брега а  правеле пресметка, само за една страна. За негово решавање  требало  многу пари  оти   требало да се градат два паралелни системи, за левата и десната страна од градот. По ова Португалците се повлекоа.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »