речник контакт

До крајот на неделава ќе започне да се отстранува исчистената земја и трска од брегот на езерото Младост

За отстранетата земја и исечената трска има одредена локацијата, во согласност со Министерството за животна средина, каде нема да предизвикува проблеми

Петар Печков

Бројните излетници изминатиот викенд,  гости кои ги измами сонцето, убавото и топло време на бреговите од езеро Младост, без исклучок со едно прашање.  Кога ќе се отстрани  трската земјата од  исчистениот брег, кои се следните чекори за спас на езерото Младост.

„Завршено е чистењето на крајбрежјето, очекувам неделава да се врати механизацијата на АД Водостопанство и да продолжи со активности, тоа се отстранување на земјата и трската кои се собрани на брегот.  Трската која ја исековме имаме дозвола од Министерството за животна срдина и мораше да се отстрани оти во водата околу неа  се изумрените пласти кои пливаа преку лето на површината. Оставивме  трска кај бродот и во заливот на Рудничка река. Деновиве ќе се распише јавниот повик за изведувач на бушотини. Кога ќе се исчисти брегот се планира да се посипе со речна песок  и создаде плажа  од страната на патот од Велес до браната“ – кажа Ване Маневски директор на ЈПВ Лисиче, кое од Владата е назначено за носител на проектот за заштита на езерото Младост. 

За отстранетата земја и исечената трска  има одредена локацијата, во согласност со Министерството за животна средина, каде нема да предизвикува проблеми.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »