Петар Печков
Објавено: вторник, 11 мај 2021
До четврток навечер е можно пријавувањето за упис во прва година средно, во спортската паралелка во Велес. Таа е дел од Спортската академија со седиште во Скопје а учениците настава посетуваат во Гимназијата „Кочо Рацин. И годинава таа ќе запишува за фудбал.
Четврток навечер е последниот рок, до кога заинтересираните ќе може да најават дека се заинтересирани за упис. И тоа кај регионалниот координатор Диме Тодоровски на телефон 070/607-602.
„Ова пријавување не значи дека и мора да се запишат, на денот на уписот. Но доколку сега не се пријават, постапката е многу покомплицирана. Затоа ги повикувам сите деветто одделеници кои завршуваат годинава, кои сакаат да посетуваат настава во спортската паралелка -фудбал во Гимназијата, да се пријават до четврток“ - кажа Тодоровски.
Во оваа спортска паралелка можат да се пријавуваат ученици освен од Велес и од Чашка, Лозово, Градско, но и од Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија. Изборот е по пат на селекција.
Tweet |