Петар Печков
Објавено: среда, 14 ноември 2018
Општина Велес доби грант од Светска банка за уредување на околината на езеро Младост. Проектот е вреден еден милион евра и е насловен ,,Паметно езеро Младост,,.
Поголемиот дел 9,9 милиони денари се обезбедени преку грант на ЕУ преку ИПА програмата а 10 отсто 6,3 милиони денари се учество на Општина Велес. Со него езерото Младост треба да добие нов лик, нови содржини и да биде привлечно туристичко одредиште.
Ова е шанса Велес да прерасне во транзитна туристичка дестинација, не само во Македонија туку и во регионот, оти во близина преку автопатот годишно минат над 2 милиони луѓе. Со овој проект ќе се зајакне локална економија и отворат нови работни места. Со проектот и средствата ќе менаџира Светска банка - најави Аце Коцевски градоначалник на Велес.
Партнер во овој проект е Вардарски плански регион, а Коцевски упати благодарност за учеството до винариите Шато Сопот, Тристо, хотел Романтик, ресторан Бела Вода, Хотел Панини, хотел Глориус кои го подржале проектот и за градоначалникот ова е пример за партнерство со приватен сектор.
Проектот ,,Паметно езеро Младост,,. опфаќа 27 активности меѓу нив и осум инфраструктурни зафати, девет набавка на опрема,пет туристичка промоција. Со проектот се добива уредување на пешачки патеки, осветлување, паркинг простор, камп, велосипедска патека а треба да заврши до крајот на наредната година.
Со овој проект езеро Младост добива уредена и осветлена пешачка патека од 750 метри од влезот на езеро до хотел Романтик која ќе може да ја користат и лица со ограничена мобилност, пристапен асфалтиран пат до винарија Сопот од 600 метри , еко камп од 1,5 илјади м2 со пристапен пат од 350 метри со 7 типизирани куќи со сончеви панели, каде ќе биде сместен и детски атрактивен парк за авантури, паркинг систем, осветлување пејсажно и хортикултурно уредување на крајбрежјето, нов туристичко биро, велосипедски патеки од 17 км околу езеро и винарии до Шато Сопот ми Тристо 20 паметни велосипеди, клупи за полнење мобилни, 30 канти за отпад, платформа за набљудување на птици, киоск за продажба на локални производи,информативни билборди - објасни Коцески.
Tweet |