речник контакт

Добиен проект за чистење на речното корито помеѓу Долно и Горно Јаболчиште

Општина Чашка ќе го чисти цврстиот отпад кој се фрла и завршува во езеро Лисиче, од кое Велес пие вода

Петар Печков

Со проект на УНДП  ќе се чисти речното корито на реката Тополка, помеѓу селата Горно и Долно Јаболчиште. Вредноста  е 2 милиони денари а речното корито ќе се чисти  во должина од 4 км. помеѓу двете села. Проектот „Подобрување на животната средина преку санација на диви депонии и чистење на речното корито на река Тополка во селата Горно и Долно Јаболчиште,, е  со цел да се обезбеди заштитат на водите на ХС Лисиче. 

Немајќи алтернатива, цврстиот отпад жителите на Горно и Долно Јаболчиште го фрлаат во реката Тополка а потоа тој смет доаѓа до езеро Лисиче од кое пак жителите на  Велес добиваат вода за пиење.  Со овој проект ќе престане да се загадува коритото,   откако претходно  се воспостави систем за собирање на смет  во овие две  населени места - рече градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски.  

Тој кажа дека се добиени средства за проектна документација за изградба на фекална канализација на двете села со колекторски систем и регулација на речното корито на река Тополка во  Горно и Долно Јаболчиште во висина од 3,1 милион денари. Обезбедени биле и средства во висина од  3-5 милиони евра за  негова изградба , кои се од Владата  пренаменети од изградбата на  аеродромот во Штип, кој нема да се гради.  За Горно Јаболчиште има обезбедено 450 илјади евра за   водовод и  кој треба до година да се изгради. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »