речник контакт

Доверителите решија, Жито Вардар ќе се продава, во пакети

Велешката пекара има имот од 8,87 а должи 8,96 милиони евра

Петар Печков

Велешки ,,Жито Вардар,, АД во стечај има имот од   8,87 милиони евра, додека побарувањата од доверителите, признати во законскиот рок  се  8,96  милиони евра. Ова се проценките на проценител, ангажиран за утврдување на состојбата во друштвото, кое во мај месец отиде во стечај.  Причини за лошата економско –финансиска состојба на  друштвото била  загуба  која се јавувале  во работењето, неколку години по ред.

Работењето се одвивало преку не подмирување на обврските кон добавувачите и деловните партнери, должникот се задолжувал значително повеќе од неговата платежна способност. Постоела лоша проценка за својата ликвидност. Работењето неколку години наназад со загуби, придонело да  се потроши капиталот. Функционирањето на АД Жито Вардар  изминатиот период,  било на товар на  доверителите   - изјави пред доверителите стечајниот управник  Ацо Петров.

Тој потенцираше дека се јавува проблем со обезбедувањето  на имотот, бидејќи тој е распространет низ земјава, па и дел од доверителите- заложните, ќе имаат обврска тоа да го покријат.  Меѓу поголемите доверители се банките  Комерцијална,  Охридска која поголем дел од побарувањата продала на  Миле  ММ маркет Скопје,  а имотот е оптоварен со хипотеки токму кон нив.  

Присутните доверителите на извештајното Собрание,  го прифатија едногласно предлогот на стечајниот управник, имотот на должникот да биде ставен на продажба.  Продажбата ќе се одвива преку пакети, кои ќе се формираат како функционални целини, со цел да не се нарушат капацитетите на должникот.

На овој начин пресметките покажале дека се постигнале подобри цени на продажбата, која ќе биде по електронски пат.  АД Жито Вардар според регистрацијата се бавеше со производство на леб, печива,  торти и колачи, а во дел од имотот има кланица, ладилник, фабрика за сточна храна, управна зграда, силоси, пекара. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »