речник контакт

Додека Бојан чека трансплатација на срце, не го живее животот како неговите врсници

Чекаме срце и додека се молам за моето дете да има подобрување, се молам за сите деца, кажа неговата мајка Соња

Петар Печков

Најсилни, за потреба од донор, се пораките упатени од пациентите и нивните семејства. Само 2 до 5 отсто од органите на лицата кои потпишале за донори, можат да се искористат и тоа исклучиво по мозочна смрт, беше кажано на вчерашната трибина за органодарителство која се одржа во Велес.

Пред присутните се обрати и мајката на 23 годишниот Бојан Савов од Велес, кој живее на батерии и струја, бидејќи срцето му работи со намален обем, и очекува повик за спас за трансплатација.

„Тој е млад а не може да си дозволи живот како другите. Не може да оди на бањање во вода, некои работи во животот му се скратени, но се прилагодува. Чекаме срце и додека се молам за моето дете да има подобрување, се молам за сите деца. Некому е потребно срце, на друг бубрег, на трет црн дроб. Затоа апелирам до нашите  сограѓани, како велешанка, да донираме, да спасиме живот“ – рече Соња Савова. 

фотографијата е објавена со дозвола од Бојан Савов 

АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »