Петар Печков
Објавено: петок, 28 јуни 2024
Змија, каснала двајца велешани вчера претпладне, петок. Настанот се случил околу 9ч. во близина на Војнички мост, во близина на селото Војница. Двете лице , заедно со пријатели биле на лозје и работеле.Тие налетале на змиско гнездо а змијата, според нивно кажување поскок, го каснала прво едниот на третиот прст од рака , вториот притрчал да помогне, па го каснала и него за четвртиот прст од раката. Со нив имало и други лица, кои веднаш притрчале, го подврзале местото на каснувања и со сопствени автомобили тргнале за болница во Велес. Тие побарале помош од Итната помош.
„Примен е повик за каснати лица од змија, екипата веднаш се упатила, пресретнати се на пат за Велес, дадена е неопходната помош, по што итно се префрлени во болница“ – кажа д-р Василка Пановска, началник на службата на Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом.
Каснати биле лицата Ѓ.Р. (76 год) и З.М.(64 год).
„На 28 јуни во нешто по 10 часот претпладне со возило на итната медицинска помош се донесени двајца пациенти од машки пол, каснати од змија Веднаш се прифатени, дадено е антивиперинум и комплетна терапија, санирана е убодната рана и пациентите се задржани на инфективно одделение под опсервација и понатамошен третман на оддел до 15 часот. По конзилијарни прегледи од страна на интернист и анестезиолог пациентите се префрлени во 15 ч. на оддел за интерни болести каде се продолжува со укажување на медицинска помош и понатамошен третман. Состојбата меѓутоа се влошува и пациентите се упатени со амбулантни возила кон Инфективна клиника во Скопје,со придружба од медицински екипи од инфектолог,анестетичари и сестри“ – кажа Марина Андова, портпарол на Општа болница Велес.
„Велешаните кои беа каснати од змија отровница се наоѓаат во релативно стабилна состојба. Откако вчера обајцата биле примени во потешка состојба, им бил ставен противотров по што состојбата се стабилизира, но истата и натаму се следи и се прават неопходните испитувања“- информираат од Инфективната клиника во Скопје.
Ова се првите каснување од змија отровница во велешко годинава, кога има реакции дека се видени во голем број по јавните површини. Од велешка болница велат дека имаат доволен број противотров на две одделенија, Инфективно и Интерно, во случај ако пациент дојде да бара помош поради каснување од змија.
Tweet |