Петар Печков
Објавено: среда, 17 август 2011
Шесте деца на семејството Узеирови трпеливо чекаа пет часа во ходникот на ПЕ на Фондот за здравство, додека нивните родители ја завршат обврската да се пререгистрираат за да можат од есен да добиваат сини картони.
За тоа време нивните деца трпеливо седеа на подот и трпеливо чекаа... Оваа слика е секојдневие во месец август, до чиј крај истекува можноста да се регистриаат невработените за да можат потоа да добиваат бесплатни сини картони.
Редици, гужви, нервозни ситуации, незнаење сето тоа придонесува на жешкото време, да има тензична ситуација. Заради ова до крајот на месецов работното време на Фондот за здравство е променето и сега рабтоат од 7,30 до 15,30 без пауза а сабота и недела од 8 до 12 часот.
Во Велес иама повеќе од 13 илјади невработени, кој согласно законските промени, доколку сакаат да добиваат бесплатани сини картони мораат да докажат колкави месечни примања имаат.
Tweet |