Петар Печков
Објавено: понеделник, 28 септември 2026
Во времетрање на реконструкцијата на спортската сала „Гемиџии“ таму нема да се одржуваат спортски натпревари. Градоначалникот Марко Колев побара трпение од екипите и спортистите во периодот н аоваа пауза, додека се извршуваат градежните работи. Лигашки натпревари би се вратиле во салата по завршувањето на санацијата на соблекувалните и вц-њата за публиката.
„Има мал застој во одигрувањето на натпреварите, дел од клубовите се пренасочени во други сали тука во Велес. Мора да се издржи воој период за да се направвт непоходните градежни работи во интерес пред се на спортистите. Оваа санација беше по нивно барање“ – кажа Колев.
Во спортската сла „Гемиџии“ се натпреваруваа екипите на одбојкарите и футсал екипите кои играат во навјисокиот републички спортски ранг и кошаркарите кои играа во втората по знчење лига во нивната конкуренција.
ОК Борец натпреварите ќе ги играат во спортската сала на ОУ Блаже Конески, со тоа што таму кровот во дождливите денови прокиснува. Тие со натпревари започнуваат на 21 октомври со антпревр со ОК Весна од Пробиштип. КК Борец басект бараат сала надвор од Велес, со помош на локалната власт, бидејќи ниту една од градот не е лиценцирана за Првата кошаркарска лига, вклучувајќи ја и салата на ОУ Панко Брашнаров. Тие започнуваат на 10/11 октомври, со два последователни натпревари на домашен терен, првито е со КК Ангели. Од КМФ Кеги моби информираа дека тие имале други соблекувални и тренирале во салата периодов, па се во преговори натправарите да ги играат во салата Гемиџи, бидејќи не ги користат соблекувалните кои се реновираат. Тие со натпревари започнвуаат на 10/11 октомври кога се домаќини на КМФ Осогово од Крива Паланка.
Реконструкцијата треба да заврши до крајот на годината. Преку Владата се издвоени 15,7 милиони денари а Општина Велес 7,2 милиони, или вкупно 23 милиони денари, изведувачна градежните работи е ДГ Изгрев од Велес.
| Tweet |




