Петар Печков
Објавено: четврток, 10 ноември 2011
Советот на општина Велес на свечена седница во салата „Бели мугри“ ги врачи традиционалните 9 - то Ноемвриски награди и признанија на градот.
Велес го правиме единствен и различен од другите, сите ние заедно. Го сакаме и чуваме на свој начин. Ви го честитам празникот на општианта, на сите жители на Велес, но и на сите велешани ширум светот кои е гордеат со своето потекло- рече градоначалникот Петров на свечената седница.
Наградата за животно дело „Гемиџии за 2011“ му беше врачена на митрополитот Повардарски господин Агатангел за бројните заложби што ги прави за црквите во Епархијата Повардарска
Спомен плакета „9 - ти Ноември“ добија музичкото училиште „Стефан Гајдов“, Средното училиште „Коле Неделковски“, Јавната здравствена установа Општа болница Велес и Светозар Богдановски изработувач на музички инструменти.
Благодарници добија Далиборка Златева за помошта на лицата со церебрална парализа и Мустафа Берикетли бизнисмен од Турција по потекло од Велес кој помога за зацврстување на односите меѓу двете земји.
Општина Велес пофалници додели за урологот Горан Јовиќ,Горан Митков тракторист, Тоше Велев алпинист, Доброволно противпожарно друштво „Видра“, Новинарите Александар Кукулев,Владимир Тевчев и Данчо Стефков,естрадниот уметник Мики Секуловски и дебатерскиот тим при Фондацијата Фокус.
Наградата најстудент „Ѓорѓи Шоптрајанов“ и беше врачена на студентката Надица Тошева
Tweet |