речник контакт

Доделени Рациновите признанија

На сцената на амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес свечено беа врачени Рациновото признание на Братислав Ташковски за романот „Кафез од гревови“ и на Почесното Рациново признание на Жана Ангеловска

Петар Печков

Писателот Братислав Ташковски изјави дека за него како автор ова е големо признание за сето она што го работел, но претставува и голема сатисфакција за секој автор  кој го почитува и познава делото на Коста Солев Рацин.

Името на  Рацин е фундаментот  на нашата современа  поезија. Таа ги втемелува сите стандарди на она што денес  викаме  современа македонска книжевност и афирмиран македонски јазик.Ова е наградата која го носи неговото име,а со која се чувствувам многу поблиску до Рацин, рече Ташковски.

Жана Ангеловска преведувач го доби Почесноот Рациново признание за 2010 година за  преведувачка дејност на македонската поезија на француски, меѓу која и поезија од Рацин. Таа изјави дека со оваа награда станува  посвесна за тоа што се  би можела да направи за да се објави  некоја нова книга од македонски автор на француски јазик, а со тоа да се афирмира македонската книжевност.

Сега повеќе ќе размислувам на изборот на делата  кои што навистина можат да ја афирмираат македонската литература.Но тоа не зависи од мене  туку од издавачите кои е многу тешко да се најдат, потенцира Ангеловска.

Свеченото затворање на 47.Рацинови средби беше збогатено со Македонската народна песна  односно концерт на Сузана Спасовска и оркестарот на Тодор Трајчевски. Таа, спроед внуците на Кочо Солев, ја испеа и неговата омилена песна ,,Жали горо, жали сестро,, .

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »