речник контакт

Доделени Рациновите признанија за 2012

За Петрески Рацин е на ниво на Андриќ и Крлежа, за Валетас Рацин е Ботев и Варналис. Двајцата порачаа велешани гордејте се со Вашиот сограѓанин

Петар Печков


       Со врачувањето на Рациновото признание на Христо Петрески за книгата ,,Лифтот ( не) е за двајца ,, и  Почесното Рациново признание за афирмација на македонската култура во светот  на Гркот Костас Валетас, синоќа во Велес  завршија 49-тите Рацинови средби.

Без малку половина век оваа манифестација опстојува во Македонија и на Балканот. Тоа е голема работа за нас како народ и затоа до година на јубилејот би сакал на оваа или некоја друга сцена да ги видам сите досегашни живи добитници на Рациновото признание. Голема чест е да се биде  дел од тој список, каде се сите најзначајни македонски писатели. Велешани гордејте се со Рацин, тоа е најскапото што го имаме,  за нас тој  е исто што и Крлежа, Андриќ – рече Христо Петрески.

Тој  наградата ја  доби  за неговото дело ,,Лифтот (не ) е за двајца,, издание на издавачката куќа Феникс, меѓу дванаесетте дела кои што се најдоа во конкуренција. Почесното Рациново признание за афирмација на македонската литература  и култура во светот го добива грчкиот автор  Костас Валетас, познат писател, издавач и промотор на македонската литература и култура во Република Грција. Тој досега има издадено преводи на дваесетмина македонски автори на грчки јазик последните 40 години.

Рацин е авангарден борец  на големата хуманистичка идеа на социјалната правда, на рамноправност и братство. Тој како и други поети паднале  млади Бајрон, Китс, Пушкин, Лермонтов, Петефи, Шели. Од друга страна Рацин е вистински бранител на сите страдалници на светот и можеме да го компарираме со Христо Ботев и Коста Варналис – рече Костас Валетас. Средбите завршија со концерт на оркестарот на Пеце Атанасовски, кој по седум години пауза повторно се собраа за оваа пригода. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »